Почетна / МК Сцена / Видео | Погледнете го спотот за новата песна „Кад осване” на Калиопи

Видео | Погледнете го спотот за новата песна „Кад осване” на Калиопи

Повеќедецениска кариера исполнета со успех, раскошен вокал и неверојатна харизма е она што ја краси Калиопи. Континуирано ја исполнува својата дискографија со нови песни и на својата публика и дарува музичка магија.
Новата песна „Кад осване” е на сите дигитални платформи и на официјалниот YouTube канал, а еве што вели Калиопи за нејзината нова песна, и овој пат комплетно авторско дело на нејзиниот долгогодишен соработник Ромео Грилл:

„Песната „Кад осване” (Кога ќе раздени) никого нема да остави рамнодушен. Тоа е песна која буди од длабок сон, раздвижува и ја враќа надежта за подобри денови!
Кога ја слушнав прв пат, бев пресреќна што добив ваква песна! Ромео и овој пат се надмина себеси, а тоа му успева речиси 40 години, колку што веќе соработуваме заедно… За неполни 5 месеци добив две големи песни! Дуетската „Знам”, со мојот пријател Жељко Самарџиќ, која веќе со молскавична брзина се врежа во срцата на публиката, а сега исто така длабоко верувам дека „Кад осване” ќе биде песна за која ќе се зборува и која што многу ќе се пее! Имаме нов хит! “

Музиката, текстот, аранжманот и продукцијата ги потпишува Ромео Грил.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Владо Јаневски во Охрид – концерт на 10 август во „Антички театар”

После 6 распродадени концерти во Скопје, Владо Јаневски ќе одржи концерт на еден од дефинитивно …

error: Содржината е заштитена!