Почетна / МК Сцена / Видео | Траперот Таско сними дует со Лина Пејовска за „Неваљала“

Видео | Траперот Таско сними дует со Лина Пејовска за „Неваљала“

Таско до сега сме го гледале во соработка со многу машки трап изведувачи како Два Бона, Слаткаристика, Тракер, Фокс Бранко од Србија и Инас од Босна. Но сега за прв пат во дует со женски артист и тоа не со било кој, туку со нашата позната пејачка која јавноста ја запозна на српските „Пинкови ѕвездички„ убавата, ултра талентирана и харизматична Лина Пејовска.

За оваа соработка Лина ни изјави:

Снимањето на спотот помина топ лудо и незаборавно, а како би било поинаку кога снимаш со Таско и со екстра добра екипа. Идејата за заедничка песна со Таско дојде спонтано како што настана и нашата дружба. Подолго време бевме на идеја за нешто интересно и еве тоа и се оствари. Се надевам ќе им се допадне на сите, а песната може само да кажам дека „ќе грми„!

Песната е со српски наслов и се вика „Неваљала„ за која музиката и текстот ги напиша Таско, инструменталот е на Алекс познат- “Beat maker“ од Шведска, а миксот и мастерингот се на Иван Јованов – Ивајо.

Спотот е во режија и монтажа на Гордан Божиновски, во организација на Борис Тасковски, а сниман е во соработка со „Artistic Production„. Се снимаше во два сета од по 8 и 14 часа на две локации, во индустриска зона во Велес и на кулите Џевахир во Аеродром Скопје.


Во прилог линк од спотот „Nevaljala„- Tasko ft. Lina кој се промовираше на Ју Туб каналот на “IDJ VIDEOS”:

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео | “Безобразно “, летна и жешка авантура на Роберт и Дејан

Со потенцијал за вистинско летно музичко освежување на нашата мкд сцена , песната “Безобразно” конечно …

error: Содржината е заштитена!