Почетна / МК Сцена / Каролина најавува ексклузивна фотосесија за новиот албум

Каролина најавува ексклузивна фотосесија за новиот албум

 

Македонија одбројува до “Извор”

 

Цел тим на стилисти, продуценти, музичари, сценографи, менаџери и фотографи работат на новиот проект. Проектот се очекува да ги надмине и енормно успешните “Македонско девојче 1” и “Македонско девојче 2”.

 

 

Мега ѕвездата Каролина Гочева пред уште една кулминација во нејзината кариера – промоција на најновиот и долгоочекуван спектакуларен музички албум “Извор”. Промоцијата на албумот, како што веќе најавивме, ќе се одвива со концертен маратон во Македонска Опера и Балет на 23, 24, 25 и 26 февруари, а неофицијално, останати се само уште неколку карти за грандиозниот македонски музички маратон.

 

 

Но, тоа не е сѐ. Каролина најавува и нова фотосесија со нови имиња од светот на фотографијата. Соработка со Лилика Стрезовска и Јована Зука, млади и креативни девојки кои веројатно ја подготвуваат целокупната фотосесија за целиот проект “Извор”.

 

 

Возбудени сме сите, месецот на Каролина и месецот на големата промоција на уникатниот македонски оригинален звук – “Извор”.

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео | Песни, плач и емоции на големиот концерт во чест на Тоше

Имаше нешто во луѓето тажно … спомени за Тоше Проески Вчеравечер во Вип Арената “Борис …

Leave a Reply