Почетна / Филм / Најновиот трилер на Жан Клод во новогодишната ноќ на МТВ 1

Најновиот трилер на Жан Клод во новогодишната ноќ на МТВ 1

Премиерно, најновиот филм на Жан Клод oд 2018 та година следува во новогодишната ноќ на МТВ 1. “Black water”Скот Велер е агент на тајна задача, кој се буди заробен на една тајна подморница на ЦИА, заедно со затвореникот Марк. Велер набрзо дознава дека е лажно обвинет за предавство и заедно со Марк коваат план за бегство од подморницата.

Нивната возбудлива мисија започнува во 00.30 часот, веднаш по влегувањето во новата година. Жан –Клод Ван Дам, Долф Лундгрен, Ал Сапиенца во трилер акцијата “Црни води”.

Веднаш потоа, ќе се емитува спортската драма “Американски борач – Волшебникот” со Вилијам Фичнер, Џон Војт, Али Афшар и Џорџ Костурас во главните улоги.

Во 1980 година 17-годишниот Али Џахани бега од Иран и доаѓа во едно мало гратче во Калифорнија. Уште на почетокот, тој не е добредојден и се соочува со непријатностите на Америка, за време на кризата со бегалците. Али е решен по секоја цена да се вклопи во општеството и се запишува во школата за борење каде што сака да ги оствари своите желби, надежи и соништа.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вестерн трилерот „Омразената осумка“ на Тарантино саботно на МРТ 1

„Омразената осумка“ е осмиот по ред филм на Тарантино, чие дејствие е сместено десет години …

error: Содржината е заштитена!