Почетна / МК Сцена / Видео | Познатата Пепа Димитрова го промовираше спотот за „Длабоко“

Видео | Познатата Пепа Димитрова го промовираше спотот за „Длабоко“

Пепа Димитрова на својот „Јутјуб“ канал, го промовираше спотот за новата песна “Длабоко”. Се работи за интересен видео запис кој ja доловува емоцијата и драмата содржана во музичката приказна.

Сниман е на повеќе локации. Меѓу нив и во Сливница, на Преспанското Езеро. Режисерскиот потпис е на Зоран Стојановски Зонде.


Сакам музика со душа, со емоција, пред се песни кои носат предизвик во интерпретаторски смисол. Оваа песна е токму таква и навистина заслужи своја видео приказна. Драго ми е што финалниот продукт е нешто што со право може да биде потпишано со ДЛАБОКО – вели Пепа Димитрова за новиот спот.


Инаку, песната “Длабоко” премиерно беше изведена на овогодинешниот Макфест. Музиката и аранжманот се на Арсовски Јованче, а текстот е на Наталија Данаилова. Истата ќе биде дел од албумот кој е во подготовка и од кој веќе се снимени повеќе песни. Пепа Димитрова најавува дека деновиве ќе снима и нов спот.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Година по година“, нова емотивна песна на Лазар и Елена Наумови

„Зошто молчиш ќерко, солзи сокриваш каде пат ќе тргаш, збор не кажуваш…“ …се првите стихови …

error: Содржината е заштитена!