Почетна / Филм / „London road“, „El hijo“ и „Brooklyn rules“ оваа седмица на Телма
Mads Mikkelsen - Another Round

„London road“, „El hijo“ и „Brooklyn rules“ оваа седмица на Телма

недела (3 октомври 2021) – “Вили и неистражената планета”, 13.30 часот

Анимација, авантура и комедија за неделно попладне на Телма. По уништувањето на нивниот брод, младиот Вили е одвоен од неговите родители со кои патувал во вселената. Неговата резервна капсула слетува на дива и неистражена планета.

недела (03 октомври 2021) – “Лондон Роуд”, 22.15 часот

Филмот ги документира случувањата од 2006 година, кога тивкиот, рурален град Ипсвич, ќе биде згорозен од откривањето на телата на 5 жени. Жителите на Лондон Роуд веќе со години се борат со проституцијата на нивните улици. Кога еден од нив ќе биде оптужен за убиствата, заедницата ќе се соочи со она што е епицентар на оваа трагедија. Вистинска приказна раскажана од луѓето што ја живееле.

понеделник (4 октомври 2021) – “Другата страна на надежта”, 22.40 часот

Две приказни кои после 40 минути се спојуваат во една. Првата го следи Калед, бегалец од Сирија. Слеп патник на товарен брод кој ќе се истовари во Хелсинки за да побара азил, но ни самиот не верува дека ќе го добие. Молбата за азил му е одбиена, но тој останува во финска илегално, како и многу други имигранти. Тој скита низ земјата на финската престолнина, живеејќи на улица, каде се среќава со сите форми на расизам, но и со добри пријатели.

Во другата Викстром е трговски патник кој продава машки кравати и кошули. Но кога во казино ќе го послужи среќата во покер, и врти грб на трговијата и купува ресторант во најоддалечениот дел на Хелсинки.

вторник (5 октомври 2021) – “Синот”, 22.40 часот

Аргентински психолошки трилер за еден човек кој станува параноичен за време на бременоста на неговата сопруга.

среда (6 октомври 2021) – “Белата врана”, 22.40 часот

Ралф Фајнс, Олег Ивенко и Луис Хофман во биографската драма “The white crow”. Во екот на Студената војна, балетската сензација Рудолф Нуреев успева да избега во Париз. Силен и неверојатно талентиран, Нуреев во Франција ги носи одлуките кои засекогаш ќе му го сменат животот. Биографска драма за еден од најлегендарните уметници на 20от век.

четврток (7 октомври 2021) – “Уште една тура”,  22.40 часот

Данско шведска продкција за четворица пријатели кои работат како професори во средно училиште и ќе се обидат да си го подобрат животот со тоа што ќе експериментираат со постојано одржување на нивото на алкохол во крвта.

петок (8 октомври 2021) – “Законите на Бруклин”, 22.40 часот

Американска крими драма e приказна за тројца неразделни пријатели (Кармин, Мајкл и Боби). Додека Кармин се втурнува во темните води на подземјето и подмолните игри на мафијашот Цезар Манганаро, Мајкл и Боби се обидуваат да го извлечат. Но, расправијата во ресторан со погрешна личност може да има неповратни последици.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

96-тото издание на филмските Оскари во недела на МРТ 1

В недела, 10 март од 23.30 ексклузивно на Македонската Телевизија ќе се емитува преносот од …

error: Содржината е заштитена!