Почетна / МК Сцена / Видео | Николче Мицевски го промовираше својот прв сингл „Круг“

Видео | Николче Мицевски го промовираше својот прв сингл „Круг“

Еден од најекспонираните македонски композитори Никола Мицевски, или “Човекот Музика” како што го нарекуваат неговите колеги, официјално нè “почести” со својот прв сингл “KРУГ”, фантастична најава за неговиот прв албум “NEW ERA”.

“World Fusion” музиката од секогаш била моја инспирација. Горд сум на ова дело затоа што во него е собрано целото мое музичко и животно искуство.

Животот е “Круг”… исполнет со разни нешта. Секој нареден почеток е ист како претходниот, но секој пат искуството (каменот) е поголемо и тоа не води кон врвот на тоа што сакаме да го имаме и постигнеме!

Од срце Благодарам на Даниел Јовески за генијалниот видео спот, кој на “Круг” му даде уште една димензија плус! Огромна благодарност на сите музичари кои се дел од овој проект, и секако посебна благодарност на Дејан Момировски ( XL студио). Благодарам на Андреј Папаз и сите оние кои се дел од оваа аудио и видео приказна наречена “КРУГ” – изјави Никола Мицевски.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Срце“ не можеш да купиш – Пајак од „Урбан“ емотивно за Валентин

После големиот хит “Бебе” која беше последното баладично издание од младиот и талентиран пејач, Пајак …

error: Содржината е заштитена!