Почетна / Сапуници / Фото | Шениз од „Суровиот град“ – „жешка“ и сурова и приватно

Фото | Шениз од „Суровиот град“ – „жешка“ и сурова и приватно

Турската актерка Мине Тугај ја гледавме во улогата на опасната Шениз Карачај во турската драма “Суровиот град”, а веќе вчеравечер се збогувавме со нејзиниот лик кој трагично загина паѓајќи од терасата на вилата.

Актерката има 39 години, родена во Конија, а по завршувањето на студиите по драма, ја почнува својата кариера во 1998 година.

Оттогаш, па сè до денес, Мине има одиграно околу 30-тина улоги во ТВ серии, играни филмови, но тука се и театарските улоги, реклами и фотосесии.

За македонската публика е позната по главните улоги во “Ѓулпаре” и “Од мене татко не бидува”, епизодни во “Капали чаршија” (Фериде),”Бурни времиња” (Бахар),”Парампарче” (Асуман), “Мирис на јагода” и “Една силна жена”.

Сепак, особено внимание добива со улогата на злобната Шениз во “Суровиот град”, чии последни епизоди се емитуваат на Сител телевизија.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

По „Ангели“, на Сител започнува спортската животна драма „Шампион“

Наскоро… кога битката за височините ќе се претвори во битка за највредното, тогаш играта станува …

error: Содржината е заштитена!