Почетна / Телевизија / EBU и UEFA потпишаа нов договор

EBU и UEFA потпишаа нов договор

По успешно испорачаната услуга, преносот од Европското првенство во фудбал од Украина и Полска, UEFA и Europian Broadcasting Union – EBU изјавија дека ќе продолжат со долгогодишното партнерство. Имено, EBU и UEFA потпишаа нов договор за дистрибуција на програмата на Eurovision мрежата, пренесува порталот TeVe.

Според овој договор, сите аудиовизуелни програми на UEFA ќе се дистрибуираат шитум светот исклучиво на сателитите и оптичката мрежа Eurovision. Во договорот е вклучена дистрибуцијата на сигналот од натпреварите на Лигата на шампионите и Лига Европа во периодот од 2012. до 2015. година, како и квалификациските натпревари од EURO 2016. и FIFA World Cup 2018. година.

EBU и UEFA се партнери во последните 20 години, а новиот договор е продолжение на успешната долгогодишна соработка која ги задоволи двете страни.

 

 

 

Chris | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Фото | Шеф Никола од „Брза кујна“ со весела свадбена журка

35-годишниот шеф Никола од кулинарското гејм шоу „Брза кујна“ изминатиов викенд направи журка за неговата …