Почетна / Серии / Телма со реприза и во 17 часот – Енди Мек Дауел во „Седар Ков“

Телма со реприза и во 17 часот – Енди Мек Дауел во „Седар Ков“

 

Реприза на ТВ серијата “Седар Ков” на Телма

 

“Судијката од Седар Кoв” е романтична драма, која се емитуваше на Телма, а од сега повторно со уште една реприза во 17 часот, на местото на италијанската “Антимафија”. Базирана е на бестселер на Деби Мекомбер. Во улогата на судијката ја гледавме Енди Мекдауел, а во продолжение потсетете се на содржината :

 

 

Дејството се случува во едно мало, преубаво приморско место кое се вика Седар Кoв и се наоѓа во северниот дел на Америка, а е познато по своите преубави пејсажи. Во тоа местенце живее судијката Оливија Локарт, која е судијка на сите граѓани на Седар Кoв, затоа што целиот живот, и денот и ноќта, ги поминува решавајќи ги проблемите на граѓаните. Некогаш нејзините случаи се спорови меѓу нејзините соседи, но често и граѓански парници, па така покрај правничкото знаење, таа успева целосно да ги разбере ситуациите и луѓето кои доаѓаат по правда.

 

 

Од друга страна, новинарот Џек Грифин ги истражува и пишува за пулсот и проблемите на народот, па така тие проблеми ќе го доведат до Оливија со која ќе започне љубовна врска. Но, на патот на нивната среќа ќе се испречат нивните деца, и тоа ќерката на Оливија – Џастин и синот на Џек – Ерик. Тука е и нејзината напорна мајка Шарлот и нејзиниот бивш маж, кој не останува мирен и сака да си ја поврати љубовта на сопругата. Многу приватни и многу деловни проблеми ќе ја засегаат судијката од Седар Кoв. Таа ќе мора да балансира помеѓу кариерата, семејството, љубовта и најважно од се’, да работи за граѓаните да можат да живеат во мирот и спокојот кој секогаш го имале. 

 

 Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Tелма со нови сезони од акционата серија „Аларм за кобра 11“

Oд петок (8 ноември), започнуваат новите епизоди од германската акциона серија “Аларм за Кобра” на …