Почетна / Сапуници / Видео | Најемотивниот момент и долгоочекувана средба во „Тажна жена“

Видео | Најемотивниот момент и долгоочекувана средба во „Тажна жена“

Вечерва на Канал 5 телевизија во новата потресна епизода од приказната за “Тажна жена”, се случува моментот кој долги месеци го очекуваа гледачите на оваа трогателна серија. Средбата на жената и мажот. Средбата на Бахар и нејзиниот сопруг, за кого сите мислеа дека е мртов.

Погледите ќе се вкрстат, навестувајќи шок за двајцата. Таа продолжи да живее кога судбината ѝ ја одзеде љубовта на животот, a сега… судбината ја отвора одамна затворената врата.

Што кога од љубовта ќе останат две деца, кои се нејзина најголема радост… но и најголема грижа? Дали може мајчинската љубов да се измери во нешто? Дури и кога срцето плачеше за корка леб, во името на децата, направи забава од целата беда за само една насмевка. Една насмевка на нивните лица. Насмевка на нејзините деца. И само тогаш, срцето беше полно. И само тогаш, душата се смееше за навидум да не заплаче. Сега… ќе продолжи ли животот за неа, онаму каде што застана?

најава „ТАЖНА ЖЕНА“

„ТАЖНА ЖЕНА“ вечерва во 19:40 часот на Канал 5!

Gepostet von Канал 5 Телевизија am Mittwoch, 1. April 2020

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Трчаме кон финалето на „Забрането јаболко“; подготвени ?

„Секоја приказна се состои од здраво и збогум сѐ додека не се сретнеме повторно. Нештата …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!