Почетна / Сапуници / Ѕвездите на „Аси“ и „Ѓумуш“ во нова играна продукција на Сител

Ѕвездите на „Аси“ и „Ѓумуш“ во нова играна продукција на Сител

Нова играна серија на телевизија Сител. Ѕвездите на Аси и Ѓумуш се враќаат на малите екрани, oвој пат во заедничка серија.

“Украдено минато” е романтична серија, добитничка на интернационалната награда за најдобра теленовела на фестивалот во Сеул, најдобра актерка и актер на магазинот Sayidaty, како и најдобар актерски пар на годината во арапските земји.

Покрај тоа, номинирана е за најдобра драма на престижните ЕМИ. Во главните улоги ги гледаме Киванч Татлитуг (Ѓумуш, Притаени страсти, Снеговигте на љубовта) и Туба Бујукуштун (Аси, Под сенката на врбите, Пари и љубов).

Љубовта која ќе ја надвладее желбата за одмазда на човекот кој се врати по неговото украдено минато. Љубов, родена во време на семејни тајни, скриени намери и опасни игри. Ќе може ли овој пат љубовта да ја попречи бездната? Ќе успее ли убавината да ја охрабри храброста? Ќе сака ли одмаздата да се покори пред вљубените, пред нив двајцата?

Дани | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Мојот живот” на Сител, пролетна драма за една пожртвувана мајка

Има ли поголемо богатство за една мајка од среќата и здравјето на нејзиното дете? Постои …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!