Почетна / МК Сцена / Видео | Македонец со своја верзија на „Моја малена“ на Ковачевиќ

Видео | Македонец со своја верзија на „Моја малена“ на Ковачевиќ

Миленикот на балканската публика, Саша Ковачевиќ неодамна во јавноста го промовираше својот најнов проект со наслов „Метаморфозис“ кој содржи 4 песни снимени во модерен латино ритам, а на една од нив кавер-верзија направи нашиот млад пејач Тони Андреев.

Имав прилика да ги слушнам новите песни уште додека беа во демо-верзија и можам да кажам дека од сите 4 најмногу впечаток ми остави токму „Моја малена“ која ја слушам по 100 пати во ден, па затоа и на неа снимив кавер-верзија. Цело слободно време го користам за да работам на нови проекти и драго ми е што мојата публика знае тоа да го цени, вели Андреев.

Екранизацијата и за овој проект му беше доверена на маестралниот Алек Тасевски, а во видеото, покрај Тони Андреев, се појавува и гитаристот Тошо Јуца.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Објавени рефрените од сите 20 песни на Фолк Фест Валандово 2026

Фолк Фест Валандово 2026 денес ги објави официјалните рефрени од сите 20 нови композиции што …

error: Содржината е заштитена!