Почетна / Спорт / Документарецот за македонските одбојкари на МРТ награден во Милано

Документарецот за македонските одбојкари на МРТ награден во Милано

“Живеејќи го сонот”, спортскиот документарец на МРТ за македонската машка одбојкарска репрезентација, ја освои наградата “Mention D’ Honneour” на 42nd Sport Movies and TV film festival” во Милано, Светското првенство поддржано од Интернационалниот Олимписки Комитет.

Претходно, ова дело беше прогласено за најдобар долгометражен филм на фестивалот во Будва, а за МРТ е четврта награда на четири фестивалски настапи во последните 3 години откако „Среќна 13-ка“ за нашиот прославен кошаркар Благоја Георгиевски-Буштур лани ја освои истата награда во Милано.

На наградата пишува “Macedonian Radio and Television – Rep of Macedonia. Тоа за мене е најзначано, позначајно од самото задоволство што повторно се качивме на бина во силна конкуренција на наградени филмови од Австралија, САД, Кина, Јапонија, Германија, Италија…, вели спортскиот коментатор Тони Стојановски, кој е сценарист на “Живеејќи го сонот”.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Телма меѓу добитниците на Златен олимписки оскар од Шабан Трстена

Меѓу добитниците на златните олимписки оскари се ТВ Телма и новинарката за спортски вести – …

error: Содржината е заштитена!