Почетна / Забава / Авалон го најавува “Deeper underground festival” во Охрид

Авалон го најавува “Deeper underground festival” во Охрид

Авалон Продукција од оваа година патентира нов бренд DEEPER UNDERGROUND, чие име зборува самото за себе. После откажувањето на масовниот фестивал Ohrid Calling, оваа продукција успева Охрид, Македонија и регионот сепак да имаат неверојатно квалитетен електронски настан со најголемите светски имиња на house, d’n’b и techno сцената и тоа по следниот редослед:

MEDUZA – 14 август
LTJ BUKEM X RONI SIZE X MC Dynamite – 15 август
ARTBAT – 16 август

Се работи за once in a lifetime experience, вакви имиња да може да видиме за лимитиран број на публика од само 3.000 посетители по вечер, на капацитет од 15.000 посетители, што овозможува да бидат опфатени и реализирани сите мерки за заштита пропишани од протоколите за open air настани коишто ги изработија Авалон продукција и Министерството за здравство.

Тоа значи дека секое друштво кое ќе присуствува на настаните, ќе мора да држи физичка дистанца од друго друштво, што нема да претставува проблем, со оглед на тоа дека капацитетот на локацијата е со 15.000 посетители.

Исто така, секој посетител со секоја купена карта добива специјална маска со логото на Авалон Продукција при влез, која задолжително ќе треба да ја носи за времетраењето на настанот.

Еден од најголемите хаус диџеи во моментов и добитник на Греми награда MEDUZA кој ги покори сите светски плејлисти со мега хитовите “Piece of your heart”, “Lose Control” и “Born to Love”, за прв пат доаѓа во Македонија, со ексклузивен сет кој веруваме дека нема да ве остави рамнодушни.

Следниот ден е резервиран за пионерите на DNB сцената LTJ Bukem x Roni Size x Mc Dynamite кои не само со својот долгогодишен стаж, туку и со нивната фантастична енергија го прават секој настап уникатен. Ова е историска можност да ги видите тројцата артисти на иста сцена во иста вечер.

За крај како големо финале, на 16-ти август настапува електронското дуо ARTBAT кое во моментов важи за едно од најквалитетните на светската техно сцена, а чија музика му донесе и огромна популарност, а квалитетот остана недопрен!

За овој најексклузивен настан ова лето во Македонија влезниците по цена од 1.200 ден за една вечер и блок влезници по неверојатна цена од само 1.990 денари за сите три дена, ќе бидат во продажба од четврток (30.07) од 09 часот наутро и тоа онлајн на avalon.mk, Avalon Music & Ticket store и продажните места во мрежата на Авалон низ Македонија.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Авалон го започнува концертното лето со Амира Медуњанин на 9-ти август

Авалон продукција со огромно задоволство го најавува првиот проект од концертите што ќе ги организираат …

error: Содржината е заштитена!