Почетна / МК Сцена / Видео | Каролина во Америка емотивно ја отпеа „Празно е без оваа љубов“

Видео | Каролина во Америка емотивно ја отпеа „Празно е без оваа љубов“

Македонскиот супербренд Каролина Гочева велигденските празници ги поминува во Њујорк каде нејзиниот сопруг Михаил Корубин деновиве имаше своја сопствена изложба чии уметнички дела беа изложени пред светската критичка елита.

Мега ѕвездата Гочева покрај тоа што на социјалните мрежи сподели фотографии од изложбата на Корубин, таа  нѐ почести и со прекрасни моменти од Менхетен каде го прослави нејзиниот роденден токму на најголемиот христијански празник во друштво на сопругот и драгите пријатели Дуке и Исмаил.

А како што и самата вели, секоја дружба со Дуке Бојаџиев и Исмаил Лумановски завршува со песна, па така и оваа авантура на големиот континент ја заокружија со заедничка изведба на песна од покојниот татко на Дуке. Уживајте во изведбата на единствените Каролина, Исмаил и Дуке :

https://www.facebook.com/KarolinaGocevaOfficial/videos/371378196813331/?t=202

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нова новогодишна песна за децата – поддржана од СОС Детско Село

На еден ден пред Новата година со радост и гордост беше промовирана новогодишната песна која …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!