Почетна / Серии / Време на серенади и џентлмени во „Непобедливо срце“ на Алфа

Време на серенади и џентлмени во „Непобедливо срце“ на Алфа

Oд понеделник до петок на телевизија Алфа, на местото од “Дубровничка зора” во 19.50 часот ќе се емитува српската серија “Непобедливо срце”. По “Ранетиот орел” која се емитуваше на Алфа и по “Гревот на нејзината мајка”, која моментално се емитува, ова е третата серија која е екранизација на делото на Мир Јам и која ќе се емитува на Алфа. Потсетуваме дека истите пред неколку години премиерно беа емитувани на Сител и доживеаа голема гледаност.

“Непобедливо срце” е уште една романса сместена во минатиот век. Алекса Новаковиќ, сопственик и директор на една банка, има ќерка Милена и проблематичен син Сташа кој не го сака училиштето е и по малку параноичен. Алекса и неговата сопруга Јованка бараат човек кој ќе му помогне на синот да излезе на вистинскиот пат. Така, доаѓаат до Мирослав, сиромашен дипломиран правник и талентиран пејач, кој ќе ја прифати работата и постепено ќе го натера Сташа да го засака училиштето и да продолжи да ги живее убавините на животот.

Но, со тек на време, Мирослав ќе се вљуби во Милена. Љубовта на двајцата млади станува чиста и искрена, но на патот на нивната среќа стои Владо, љубоморниот свршеник на Милена. Ќе успеат ли Милена и Мирослав да се изборат за својата љубов и дали една скриена тајна на Владо ќе го зацврсти непобедливото срце?

Од понеделник до петок на Алфа кратко се навраќаме во времето меѓу двете светски војни, време на серенади, љубовни писма и песни, кога момчињата се џентлмени, а девојките везат, читаат и сонуваат за својот принц.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Прајмтајм на Телма со „Фирмата“, правничка трилер драма

„Фирмата“ е американска серија заснована на најпродаваниот роман на Џон Гришам. Серијатa ја продолжува приказната …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!