Почетна / Серии / Видео | Дружете се со веселиот и палав Боки од „Зоки Поки“ на МТВ 1

Видео | Дружете се со веселиот и палав Боки од „Зоки Поки“ на МТВ 1

Боки е весело и палаво дете кое многу сака да јаде и да се шегува со другарите, се прави силен и не се плаши од ништо. Колку и да делува палаво, тој е вистински другар, со одлична смисла за хумор и желба да ги насмее сите. Токму таков е и Матео Матоски, петтоодделенецот од ОУ „Петар Поп Арсов“ од Скопје, кој е еден од главните ликови во новата детска авантура за “Зоки Поки”.

Матео ја раскажува приказната за тоа како „Зоки Поки” му станала омилената книга, открива за кого навива, кога бира да се игра надвор, а кога дома, како му се вика симпатијата, каде сака да оди на одмор, што сака да биде кога ќе порасне и уште неколку забавни детали.

Понеделник и четврток на МТВ 1, следете ја најновата детска продукција на Македонската телевизија.

Запознавање со Боки (Матео Матоски)

Запознај се со нашиот Боки (Матео Матоски) 😊Матео ја раскажува приказната за тоа како „Зоки Поки" му станала омилената книга, открива за кого навива, кога бира да се игра надвор, а кога дома, како му се вика симпатијата, каде сака да оди на одмор, што сака да биде кога ќе порасне и уште неколку забавни детали 💚🧡 Авантурите на Зоки Поки почнуваат наскоро!📺 МТВ 1👉 4 мај 2020🕗 20:15

Gepostet von Зоки Поки am Donnerstag, 30. April 2020

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Белгиската верзија на познатата „La casa de papel“ на Сител по полноќ

Од понеделник до петок во 00.30 часот на Сител место “Тhe Librarians” ќе се емитува …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!