Почетна / Серии / Новата американска трилер акција „Taken“ во 23:30 на Сител

Новата американска трилер акција „Taken“ во 23:30 на Сител

Секој јунак има свој почеток, но и свој крај
Од извршниот продуцент кој работеше на светски познатиот филм “Петти елемент” и големиот кино хит “96 часа”, ни доаѓа нов напнат трилер кој ја следи приказната за бивш припадник на Зелените беретки.
Базирана на истоимена филмска трилогија со холивудскиот глумец Лиам Нисон, серијата “Одмаздник” започнува со емитување и во Македонија на Сител телевизија. На местото на “Среќниот Хари”, од понеделник, 5 ноември, во 23.30 часот ќе ја следите акционата крими драма на NBC од 2017та година – “Taken”.

Брајан Милс е бивш припадник на американската армија, чија лична трагедија го приморува да донесе исклучително тешка одлука. Обидувајќи се да ја преболи смртта на сопствената сестра и да ја нахрани големата желба за одмазда, Милс ја прифаќа работата на оперативец на ЦИА. Борбата против терористите и најопасните криминалци станува негова животна мисија.

Потрагата за убиецот на неговата сестра го доведува до трагите на мексиканскиот наркокартел кој го води озогласениот Карлос Мехија. Секојдневната борба на Брајан Милс за правда и одмазда станува негова вистинска борба за живот, во која само еден од нив ќе мора да излезе како победник.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Американската хорор серија „Сибир“ од сабота на МТМ

Секоја сабота во 22.40 часот на Прва скопска МТМ телевизија ќе се емитува американската серија …