Почетна / Телевизија / ТВ Емисии / Весна Бејби и Џамбазов со нови емисии од „Агенда 21“ на ТВ 24

Весна Бејби и Џамбазов со нови емисии од „Агенда 21“ на ТВ 24

Eдукативното еколошко телевизиско шоу, „Агенда 21“ се враќа на малите екрани со нова, втора сезона.

Ако првата се прикажуваше на Телма, втората ќе оди на ТВ 24 и тоа секоја сабота во 20.45 часот, а репризите ќе бидат во недела од 15:15 часот и понеделник од 23:20 часот.

Веќе проверената екипа предводена од актерите Игор Џамбазов и Весна Петрушевска, заедно со младите Кристијан Ѓоргиев и Јована Миладинова, на забавен начин ќе презентираат нови факти и ќе разменуваат мислења за актуелната состојба со животната средина во Македонија и за опасностите од глобалните климатски промени, електронскиот отпад и батерииите.

Нови 10 емисии во продукција на КМК која има за цел поттикнување на гледачите и граѓаните да размислуваат и да делуваат позитивно кон природата.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нова сезона од ТВ емисијата „Диетално максимално“ на Канал 5

Ги пробавте сите диети за кои слушнавте, но не ви дадоа ефекти? И вие сте …

error: Содржината е заштитена!