Деан Коцевски е ново лице на македонската музичка сцена кој и тоа како има што да покаже, судејќи по неговата прва објавена рок балада насловена “Несудена”, на која како комплетен автор со музика и текст се потпишува самиот тој, додека за аранжманот се погрижи Дино Зукиќ.
Се работи за емотивна рок балада која ќе ве освои од прва, а по стилот и квалитетот ќе ве врати во 80-тите години на минатиот веќ кога рокот како музички правец цветаше и беа создадени најубавите рок песни.
Запрашан за тоа од каде ја пронашол испирацијата за оваа песна, тој вели дека мелодијата сама излегла од него, а целиот негов живот има влијание на тоа.
Коцевски е роден во Скопје, но веќе подолго време живее во Виена, Австрија и досега не се занимавал со музика, иако како што вели музиката секогаш тлеела во него и имал желба да сними песна, па таа желба сега конечно му се оствари.
Ова е само почеток и допрва ќе слушаме за неговото име. Иако оваа негова прва песна излезе пред само неколку недели, втората песна е веќе при крај, а ќе се подготвува и албум.
Дани | ТВ Пакет