Почетна / Сапуници / „Продадени души“ на Канал 5 – серија за љубовта и пожртвуваноста
Од понеделник до петок 17 ЧАСОТ

„Продадени души“ на Канал 5 – серија за љубовта и пожртвуваноста

Јасемин е млада девојка која имала тежок живот, но никогаш не се откажува и успева да се запише на Правниот факултет. Сега, таа оди на факултет и работи во компанија која организира настани и церемонии. Јасемин живее заедно со нејзината блиска пријателка Ширин која работи во истата компанија.

И двете немаат семејства, па оттука стануваат блиски како две сестри. Јасемин има и помал брат Мурат кој живее во сиропиталиште. Мурат е глувонемо детенце, кое поради својата болест не може да се вклопи во околината и е приморан на потешкотии при неговиот престој во сиропиталиштето.

Сепак, љубовта на Јасемин кон него не познава граници, таа сака да добие старателство над него и да го направи среќен и задоволен во животот. Целата нејзина заштеда ја планира да ја даде за операција како би му помогнала на детенцето и затоа не бира начини за да стигне до пари.


Една вечер додека организира една забава, Јасемин е нападната од Мехмет, потпретседател на компанијата која ја прави таа забава. Тој, под дејство на алкохол се обидува да ја силува, по што таа сака да го пријави во полиција, но никој од хотелското раководство не ѝ верува на девојката. Токму тогаш, Јасемин го запознава и богатиот Џем, претседател на компанијата кој ѝ нуди пари само за да ја напушти забавата и да не предизвика дополнителен скандал.

Уште еднаш беспомошна и разочарана, Јасемин одбива било какви пари, си заминува, а веќе следниот ден, Џем сфаќа дека девојката е невина, а неговиот партнер е тој што ја присилил да дојде во неговата соба. Но, не е лесно да се извиниш на девојка како Јасемин, а уште потешко еден таков карактер да ти прости.


Приказната за Јасемин се комплицира кога под сплет на околности, таа е фатена и обвинета од полицијата дека е спонзоруша на богати мажи. Но, таа која е продадена душа и заработува на таков начин всушност е нејзината блиска пријателка …

… а Јасемин сега ќе мора да стори сè за да ја докаже својата невиност, да ја тргне таа дамка од себе и на крајот да најде пари за операцијата на своето братче.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Мојот живот” на Сител, пролетна драма за една пожртвувана мајка

Има ли поголемо богатство за една мајка од среќата и здравјето на нејзиното дете? Постои …

error: Содржината е заштитена!