Почетна / Сапуници / Вечерва згасна уште еден млад живот, почина Каан од „За семејството“

Вечерва згасна уште еден млад живот, почина Каан од „За семејството“

Голема трагедија во вечерашната епизода од семејната сага “За семејството”. Новата епизода на Канал 5 ги потресе гледачите и ги шокираше фановите на серијата, која се емитува во над 50 земји ширум светот.

Умре Каан, еден од учениците, еден од ангелите. И тоа во моментот кога треба да се дознае големата вистина за смртта на Кадир.

За да ја спречи Сузан да ја каже вистината, во страотната кавга меѓу нив двајцата, доаѓа до неочекувана несреќа и фатален пад од спратот на училиштето.

Каан умира. Згаснува уште еден млад живот во “За семејството”.

Учениците во неверување, семејството во тага, гледачите во солзи. Трагедиите во вечерната сага не сопираат.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Освен „Грешници“, и „Крваво цвеќе“ обновена за уште една сезона

Маратонската турска сапуница “Крваво цвеќе” доби зелено светло за нова трета сезона. Откако веќе беше …

error: Содржината е заштитена!