Почетна / Телевизија / Вечерва е финале на контроверзното шоу „Задруга“ на Алфа

Вечерва е финале на контроверзното шоу „Задруга“ на Алфа

По 10 месеци борба, смеа, солзи, дружење, раскинување, љубов, омраза, кавги, навреди и секс, доаѓа време да се избере победникот во српското реално шоу “Задруга”. Вечерва, 6 јули, од 21 часот, телевизија Алфа ќе врши директен пренос од финалето на познатото риалити шоу. По прогласувањето на победникот, телевизија Пинк ќе одржи голема журка на имотот каде ќе настапи Маја Беровиќ.

Гледачите од Македонија може да го дадат својот глас за нивниот фаворит така што ќе испратат СМС порака со бројот на кандидатот на 141 345. За главен фаворит на шоуто се смета Луна Џогани, ќерката на Анабела ‘Фанки Џи’. Покрај неа, други финалисти се Станија, Алекса, Надежда, Марко, Ана, Давид, Сузана, Александра, Лепи и Маја.

Од септември телевизија Пинк најавува трета сезона од ова шоу.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео | „Не одете право, одете криво за името да ни е живо“

Добар ден, добро јуначе. Срце ми плаче шо не можам да се вклучам. Но еве …