Почетна / Серии / Вестерн серијата „Hell on wheels“ се враќа на Телма со последна сезона

Вестерн серијата „Hell on wheels“ се враќа на Телма со последна сезона

 

“Пекол на тркала” – секој работен ден, веднаш по “Топ Тема”

 

Од вторник (9 мај), на Телма телевизија во 20.30 часот започнува емитување на последната сезона од играната серија “Пекол на тркала”. Се работи за американска вестерн серија во продукција на AMC, каналот кој ги создаде култните “Breaking bad”, “Mad man” и “The walking dead”. На Телма ќе се емитува во секој работен ден, веднаш по политичката дебата, а ќе ја замени британската “Бродчрч”.

 

 

За потсетување, дејството на серијата се одвива во шеесетите години од 19. век, веднаш по убиството на Абрахам Линколн и го следи животот на Кален Бонан, бивши војник на Конфедерациската војска кој е во потрага по војниците на Унијата кои ја убиле неговата жена и синчето за време на Граѓанската војна.

 

 

Потрагата го носи до гратчето Пекол на тркала, каде е започната со изградба првата трансконтинентална железница. Серијата ја покажа институциската корупција, како и новонастанатите неприлики од неодамна ослободените афроамерикански робови.

 

 

Во тоа гратче се запознавме со секакви луѓе, од министри, робови кои се во потрага по место под сонцето, проститутки, работници и инспектори кои во тоа место на корупција, ги прогонуваат само невините животи. И сите тие приказни и тие луѓе се раѓаат, живеат и умираат во Пеколот на тркала, за време на градењето на Железницата.

 

 

Во петтата сезона, Кулен е вработен од страна на Централната пацифичка железница, за да го изгради делот од железницата кај Сиера Невада. Тука се неговите кинески работници, но и конкуренцијата која се јавува меѓу Централната и Обединетата Пацифичка железница, која станува многу покомплицирана поради мешањето на Претседателот во работата на компаниите.

 

Улоги : Anson Mount, Colm Meaney, Common, Dominique McElligott, Tom Noonan, Eddie Spears, Ben Esler, Phil Burke

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Иновациите на Наса“, документарец на Телма секој понеделник

Еволуцијата на нашиот свет во голема мера зависи од технолошките ресурси, знаењето и ограничувањата, но …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!