Почетна / Телевизија / Најголемите ѕвезди во најновата сезона кај Елен, ова лето на Телма

Најголемите ѕвезди во најновата сезона кај Елен, ова лето на Телма

Позитивна и харизматична, оригинална и несебична, праведна и уникатна. Елен ги руши сите табуа во интересното шоу на Телма кое се емитува секое попладне во 17.30 часот.

Елен Деџенерес и ова лето ќе ги забавува и едуцира македонските гледачи кои ќе имаат можност да ги следат најновите емисии од 16-та сезона, снимени оваа година.

“Шоуто на Елен Деџенерес” е американско телевизиско ток-шоу во кое Елен ве смее со нејзиниот автентичен хумор, но и со моќните пораки кои ги носи и со кои ги менува животите. Шоуто на Елен е наградено дури 79 пати. Во последните епизоди кои ги гледавме на Телма, гости беа девојките Кардашијан, Скарлет Јохансон, Кристина Агилера, Мајкл Џордан, Рајан Гослинг, Кортни Кокс, Мајли Сајрус, Доли Партон, Џенифер Анистон, Лејди Гага, Шер, Ники Минаж и многу други.

А во наредните недели Елен ќе биде домаќинка и на други познати американски ѕвезди меѓу кои Дајана Китон, Зак Ефрон, Блејк Шелтон, Киану Ривс, Тејлор Свифт, Снуп Дог, Том Хенкс, Марио Лопез, Џенифер Лопез, Ким Даглас, Харисон Форд итн.

Следете ги оригиналните разговори на Елен со своите гости, забавувајте се со шоуто за сите генерации и најсмејте се со интелигентниот хумор на омилената водителка. Од понеделник до петок на Телма, најновата 16-та сезона од “The Ellen DeGeneres Show“.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео | „Не одете право, одете криво за името да ни е живо“

Добар ден, добро јуначе. Срце ми плаче шо не можам да се вклучам. Но еве …