Почетна / Серии / „Тврдокорни“ со нови епизоди на МРТ1

„Тврдокорни“ со нови епизоди на МРТ1

 

Битола ќе биде следната дестинација каде ќе се снимаат новите епизоди од култниот филмски серијал „Тврдокорни“ во продукција на Македонската телевизија, пишува Дневник. МТВ одлучи десет години по емитувањето на старите епизоди од „Тврдокорни“ да продолжи со снимање на серијалот кој го раскажува животот и делото на македонските војводи. Во проектот е вклучен режисерот Миле Гроздановски, еден од авторите на серијата од самиот почеток.  

„МТВ во своите напори да се врати назад на своите патишта кои ги имаше некогаш, ја има ставено во својата агенда и некогаш култната серија „Тврдокорни“. Почнавме да работиме на неколку езпизори низ Скопје, Кратово, Штип, меѓутоа незаобиколна е Битола зашто има услови и градби кои ќе го доловат времето на дејствието во серијата“, изјави Гроздановски.

 

 

Поголемиот дел од новите триесетина епизоди од „Тврдокорни“ ќе бидат снимени во Битола што ќе значи работен ангажман за актерите од Битола и од околните градови како Прилеп, Велес и други. Снимањето во Битола се очекува да започне за 20 дена.

„Како општина ќе ги обезбедиме сите услови кои се потребни зашто чувствуваме и одговорност бидејќи се работи за едно дело кое е многу едукативно. Серијалот ќе вклучи и нови актери кои во изминатите години немаа голема можност да се појавуваат пред камерите зашто продукцијата беше во мала криза“, изјави битолскиот градоначалник Владимир Талески.  

За него ова е уште еден чекор до реализирањето на идејата Битола да стане филмски град. Тој посочи дека во изминатите три години во Битола беа снимени 80 епизоди од турската серија „Збогум Римелија“, како и сцени од филмовите „Трето полувреме“, „Балканот не е мртов“ и „До Балчак“.

 

 

 

 

Мите Иванов | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кошарката живее преку српската серија „Светски прваци” на Алфа

Српска серија која раскажува за историјата на кошарката во поранешна Југославија, прикажувајќи ја преку повеќе …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!