Почетна / Телевизија / Совети и одговори во новиот лајфстајл магазин на „Др. Нанди“ на ТВ 24

Совети и одговори во новиот лајфстајл магазин на „Др. Нанди“ на ТВ 24

 

Премиера по вестите во 17 часот, реприза по вестите во 22 часот на ТВ 24

 

Публика која аплаудира. Следачи кои го прашуваат. Гледачи кои му се восхитуваат. Слушатели кои учат. Тоа е доктор Нанди кои успеа да ги освои американските ТВ гледачи.

 

 

Често сме опседнати и обземени со прашања што не мачат околу нашето здравје, и сето тоа се должи на немањето на потребни и вистински информации што се случува со нашето тело и психофизичко здравје. Искрено одговори на многу прашања ќе даде новото лајфстајл шоу на ТВ 24 – “Доктор Нанди”, кое се емитува понеделник и четврток во 17:45 часот.

 

 

Неговото шоу брои над 160 продолженија и има добиено неколку Еми награди. Посебно е не поради експертите кои ги презентираат своите знаења во емисијата или поради гостите кои ги споделуваат своите животни стории, туку поради самиот др Нанди, кои со интегративен и инспиративен метод успева да пренесе здрави методи на живот во милиони домови ширум светот.

 

 

Зборувајќи отворено за ракот, нутриционизмот, фитнесот и стресовите, доктор Нанди апелира на превенција од многу ризични заболувања и дава едноставни совети како да се движите низ патеката наречена живот. Со ова медицинско шоу, самите слушатели, гледачи и онлајн следачи учат како да бидат херои на сопственото здравје.

 

Дани | ТВ Пакет


МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео | Српското ток шоу „Магазин Ин“ секој викенд на Алфа

Секоја сабота и недела на Алфа телевизија ќе се емитува српското ток шоу “Магазин Ин”. …

Leave a Reply