Почетна / Телевизија / ТВ Лица / ТВ Трансфер | Билјана Дебарлиева од Канал 5 прејде на ТВ 24

ТВ Трансфер | Билјана Дебарлиева од Канал 5 прејде на ТВ 24

По 11 години поминати во Канал 5, водителката Билјана Дебарлиева направи трансфер во телевизија 24 каде секојдневно ќе ја гледаме во емисијата за здравство „Фактор здравје“.

Билјана дојде на местото на Илија Николовски и на некој начин го продолжува нејзиниот ангажман од Канал 5 каде беше препознатлива по “Визита” каде на гости и беа многу еминентни доктори и специјалисти.

Пред Канал 5, Дебарлиева беше долги години во А1 телевизија каде ги презентираше вестите и ја водеше авторската емисија “Бебе Магазин”.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Марија Латиновска од ТВ 24 премина во утринската на МРТ

Ново лице во утринската програма на Македонската радиотелевизија. Марија Латиновска станува дел од тимот на …

error: Содржината е заштитена!