Почетна / Вебновела / Научи ме да летам | Enseñame a Volar #027

Научи ме да летам | Enseñame a Volar #027

Научиме да летам

#27мо продолжение

 

 

            Себастијан гледаше во својот брат наспроти себе и не знаеше со кое лице да ја негира романсата помеѓу него и Каталина, бидејки Мануел очигледно беше решен да зборува на таа тема.

–       Во една работа грешиш, Мануел, и дозволи ми да ти објаснам. Вистина е дека се видовме неколку пати, но никогаш, верувај ми, никогаш…

–       Од кога знаеш дека таа е половична сосптвеничка на Фалкон Ерлајнс? Таа ли ти кажа дека Рафаел е само нејзин потрчко, и дека всушност компанијата е нејзина?

Во тој момент Себастијан сфати дека Мануел не зборува за Каталина.

–       Чекај малку, за кого зборуваш, Мануел?

–       За Агата.

–       За Агата?

–       Да, за Агата Уриостеги. Сопстевничката на половина компанија.

Себастијан воздивна. Беше практично сигурен дека неговиот брат сака со него да зборува за Каталина. Стана и пријде до фижидерот по пиво за двајцата.

–       Немај гајле, Мануел. Мене воопшто не ме интеесира фирмата. Можеби Фалкон Ерлајнс е твој живот, но не е мој.

–       Слушај, Себастијан, нема да ти кријам дека во фирмата владее игра за престолот. Ова е војна. А како и во секоја војна методите кои се користат не се баш христијански. Јас нема да дозволам да го загубам она за кое што се борев пет години. Пет години понижувања…

–       Зошто понжувања?

–       Бидејки не го знаеш татко. Не можеш да замислиш и никој не може. Овие денови додека е во болница додека е во кома, јас се чувствувам слободен. Но знам дека еден ден повторно ќе се разбуди и повторно ќе направи да бидам несреќен.

Мануел зборуваше за своите стравови, раскопчувајки ја јаката од кошулата. Чувствуваше како се задушува.

–       Смири се, Мануел. Знам дека имаш прекор во себе, но на крајот ќе се затруеш себеси. А за мене не бери гајле, бидејки немам интерес ниту за компанијата, ниту за фотељата на татко ниту за ништо што тебе ти значи. Ти ќе бидеш единствениот наследник на Лусијано Ламас еден ден.

Мануел навидум се смири од ваквите зборови на постариот брат. Додека Себастијан појде до кујната по кикирики, Мануел го зеде својот мобилен телефон и  го заврте бројот на својата вереница.

 

            Во тоа време, Каталина го сопре својот автомобил пред зградата на Себастијан. Се упати кон влезната врата и заѕвоне на домафонот од станот со број 15, кога и завибрира телефонот во чантата. Беше Мануел.

–       Ало?

–       Каталина? Каде си? Сакав да те земам да одиме на вечера.

–       Каде си, Мануел?

–       Во станоот на брат ми…

–       Во станот на брат ти?, – крикна младата жена вртејки се наоколу.

–       Да, кај Себастијан. Дојдов да го видам на кратко.

Себастијан се обиде да добие одговор на домафонот, но немаше ни глас. Погледна како Мануел зборува на телефон па пријде до прозорецот. Ја забележа Каталина како со трчање го преоѓа паркингот и влегува во својот автомобил.

–       Ало, Каталина? Зошто молчиш? Нема мрежа?

–       Да, Мануел, те слушам сега, – рече откако го запали автомобилот.

–       Звучиш како да си во брзање. Каде си? Во ред, во ред, се слушаме. Ќе ти се јавам за вечера. Те сакам многу. Чао.

Кога Мануел ја прекина врската, Себастијан пријде до него.

–       Мојата вереница, – објасни Мануел. – Нај значајната личност во мојот живот. Не ја познаваш дбро, но кога ќе ја запознаеш ќе видиш колку сум среќник што ја имам Каталина крај себе.

 

 

Емператриз влезе во канцеларијата на Рафаел, кој посегна по чашата со вода за да ја испие таблетата за главоболка.

–       Ти ми требаш, – рече Емператриз, приоѓајки му. – Сакам да ми најдеш некој новинар. Најсочниот новинар во најжолтиот медиум кој постои во градов.

–       Дај ми да погодам. Сакаш статија за ужалената вдовица која сака да застане на чело со моќната компанија.

–       Што има лошо во тоа?

–       Ништо, Емперартиз. Ништо.

–       Кажи ми нешто, Рафаел, зошто ја имаш оваа фаца на огорчен, кога се тече според планот?

–       Агата. Сака да остане на подолго во Мексико Сити и сака да живее во мојата куќа.

–       Твојата сестра не е проблем. Верувај ми.

–       А зошто треба да ти верувам тебе? Зошто? Агата има соколови очи, ништо не пропушта…

–       Агата не е проблем, ти повторувам. Сакаш ли да знаеш зошто. Мојата гатачка ми кажа.

–       Кој?, – со благ потсмев ја праша Рафаел.

–       Мојата гатачка.

–       Те молам Емператриз, не ме засмевај.

–       Исадора не е шарлатанка. Знае многу нешта. Гледа многу нешта, – му потенцираше Емператриз.

 

Во меѓувреме, гатачката Исадора зборваше по телефон во својот затемнет стан, со мирис на свеќи и стапчиња.

–       Жената е оспедната со тој Себастијан Ламас. А јас не можам да направам ништо ако не ми дадеш повеќе информации. Не, не знам дали сакам да продолжам со ова. Се плашам дека можам да навлезам во голем проблем. Да, знам дека ми исплаќаш на време, но јас не сакам да продолжам со ова. Пред да се појавиш, јас доволно заработував. Нема да продолжам со ова. Не сакам. Само момент. Ми се закануваш?

 

 

Себастијан и Фредо бараа идеален дизајн за новата компанија која сакаа да ја создадат, кога се огласи ѕвоното на вратата од станот, а песот почна да лае како реакција. Кога отвори, пред Себастијан стоеше Каталина. Без збор девојката извади едно плико од чантата и му го подаде на Себастијан.

–       Дојдов само да ти го доставам ова. Некој го прати за тебе.

–       Застани, – и рече тој, повлекувајки ја за раката. – Кој ти го даде ова?

–       Може ли барем еднаш да не ми поставуваш секакви прашања?

–       Можеш ли да ми кажеш кој го праќа ова?, – инсистираше Себастијан.

–       Мојата тетка Агата. Јас секако не сакав да дојдам, но тетка инсистираше бидејки не верува на никој друг. Сега си одам, бидејки немам што да барам тука.

–       Не, не, затсани застани. Има многу работи кои тетка ти Агата не ги знае, како случајот со Сантос.

–       Јас и кажав, ок?

–       Аха. Што и кажа? Се?

–       Не знам што сакаш да кажеш со тоа „се“?

–       Дали и кажа дека го лажеш брат ми, на пример?

–       Ти си најголемиот безобразник кој сум го запознала. Колку да знаеш, зборував со Мануел и знае дека сум била во Гватемала. Затоа задржи си го мислењето за себе.

–       Која коенциденција. Мануел беше тука, замина пред нецел час. Ако Мануел знае се, како што велиш, можевте да дојдете заедно.

–       Секако, но јас имав обврски и…

–       Колку лошо лажеш, колку лошо лажеш. Среќа што Мануел ти заѕвоне бидејки замисли да ти ја отворев вратата и да те видеше тука. Среќа што побегна како прогонета, бидејки не знам која лага, која приказна ќе му ја измислеше на Мануел кога ќе те видеше тука? Целиот твој свет ќе се срушеше ако ти ја отворев вратата а ти не знаеше дека Мануел е тука.

–       Што требаше да направам, кога тетка ми ме прати?

–       Требаше да пратиш курир, или слично…

–       Агата ми рече дека морам да ти го доставам лично. Затоа дојдов.

–       Сигурна си? Не дојде бидејки сакаше да ме видиш?

–       Ти..ти…ти си достоен за презир.

–       Јас? Јас не изневерувам никого. Мене никој не ме чека.

Каталина не можеше да се соземе, зема силен замав да му удри шлаканица, но тој ја спречи со своите силни раце. Ја повлече кон себе и ја бакна со сета своја страст. Каталина се противеше, како фатена во стапица, заробена од неговото тело, но како бакнежот траеше, така повеќе се предаваше на истиот. Продолжија да се љубат страсно.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Научи ме да летам | Enseñame a Volar #055, 056

#55то продолжение                 Беше нешто по полноќ, кога лежеа голи на софата во …