Почетна / Филм / Сабота на Телма со „Night train to Lisbon” и „Jupiter’s moon”

Сабота на Телма со „Night train to Lisbon” и „Jupiter’s moon”

сабота, 01 октомври 2022- 19:15 часот – “Ноќен воз за Лисабон”

По една средба со таинствена Португалка, швајцарскиот професор ја напушта кариерата и оди во Лисабон, во потрага по еден доктор и поет, кој целиот живот го посветил на борбата против диктаторот Салазар.

За време на својата потрага, професорот станува сведок на мрачната историја на Португалија за време на диктатурата и, истовремено, открива еден трагичен љубовен триаголник.

Во режија на Били Аугуст. Главните улоги ги толкуваат: Џереми Ајронс, Мелани Лорент, Џек Хјустон, Аугуст Диел, Бруно Ганц, Шарлот Ремплинг и Мартина Гедек.

сабота, 01 октомври 2022 – 22:15 часот – “Месечината на Јупитер”

Возбудлив натприроден трилер номиниран за Златна палма.

Млад бегалец наречен Аријан е застрелан додека илегално се обидува да ја премине унгарската граница за да избега од својот дом разурнат од војна. Додека заздравува, лекар во бегалскиот камп открива дека Аријан стекнал извонреден талент – тој може да лебди по желба.

Но, докторот има своја неволја од која треба да побегне и му нуди да го прошверцува Аријан надвор од логорот ако, за возврат, му помогне да заработи пари користејќи ја својата нова чудесена моќ.
Со Месечината на Јупитер, Мундруцо се означува себеси како еден од највизионерските режисери на неговата генерација со допир на вечно митските теми.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Саботна филмска ноќ на Телма со скандинавска воена драма

📅 сабота, 3 декември, Телма ⏰ 22:15 – Изборот на кралот Филмот е снимен во …

error: Содржината е заштитена!