Почетна / Серии / ТВ Пакет препорака | Нова серија од авторот на „Очајни домаќинки“

ТВ Пакет препорака | Нова серија од авторот на „Очајни домаќинки“

Од креаторот на „Desperate housewives“ и „Devious maids“ стигна уште една серија која се занимава со тоа колку на изглед безопасните жени се во состојба далеку да одат. Содржината се врти околу три жени кои живеат во различни периоди – домаќинка од 1963, богаташка од 1984 и адвокатка од 2019 година.

Она што ги поврзува е дека сите три дознаваат дека се изневерени од своите животни партнери. Серијата истражува како улогата на жената низ времето се променила, а како нивната реакција на изневерувањето останала иста.


Првата, домаќинката од 1963 година се вика Бет Ен и е сопруга на Роб. Таа од своите соседи дознава дека мажот и ја изневерува, при што таа со свои очи се уверува во тоа. Ненадејно. таа стана пријателка со својата соперничка, при што таа лажно и се претставува и дознава за активостите на келнерката со својот маж.
Втората, богаташката од 1984 година се вика Симон и е сопруга на Карл. Таа добива коверт во кој се наоѓа слика од нејзиниот сопруг со неговиот љубовник, и на тој начин дознава дека е геј. Таа започнува тајна врска со синот на својата пријателка, не сакајќи да го наруши својот углед на богаташка.


Третата, адвокатката од 2019 е Тејлор, сопруга на Илај. Таа и Илај водат отворена врска, при што таа се забавува со Џејд. Кога Џејд е нападната од својот поранешен сопруг, таа доаѓа да живее заедно со Тејлор и Илај. Џејд се покажува како неверојатна домаќинка, што е чиста спротивност на Тејлор, и Илај почнува да чувствува привлечност кон Џејд.


Многумина чувствуваат сличност со „Очајни домаќинки“ и велат дека конечно се пронајде серија која е слична на нејзе, ама сепак различна и со своја приказна. Доколку ве заинтригира приказната, може да ја погледнете.

| ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нов тест на љубовта во премиерната 4-та сезона на „Афера“ на ТВ 24

Психолошката драма „Афера“ ги прикажува емоционалните ефекти на една вонбрачна врска. Ноа е професор и …