Почетна / Телевизија / ТВ Емисии / Забава и нервоза на Алфа со хрватското реално шоу „Живот на вага“

Забава и нервоза на Алфа со хрватското реално шоу „Живот на вага“

Хрватско реално шоу во новата програмска шема на телевизија Алфа. Секој работен ден во 17.50 часот ќе го следите “Život na vagi”, направено по лиценца на американското шоу “The biggest looser”.

Целта е да им се помогне на луѓето кои имаат прекумерна тежина. Кандидатите ги раскажуваат своите најстресни, најболни и најлоши животни моменти, а во текот на шоуто, тие се наоѓаат во изолација, каде ќе мора да вежбаат во базен, во теретана и да се прилагодат на нов начин на исхрана.

Ќе може ли да добијат нормален изглед благодарение на задачите и барањата на професионалните тренери? Или нивната непослушност ќе ги доведе до елиминација?

Секоја емисија одреден кандидат го напушта натпреварот, во зависност од тоа дали ќе се најде зад црвената или жолтата линија. На крајот, победува оној кој најмногу ослабел.

Прекумерната тежина кај светската популација е зголемена за три пати во последните 40 години.Секој од нас знае некој кој се бори со вишок килограми.А и секој од нас во текот на животот се обдел да ослабе и знае колку е тоа тешко.Уште потешко е да се слабее пред камерите и пред очите на јавноста.Но овие храбри натрпреаврувачи го прифарија предизвикот.Со нутриционисти, тренери и мотивациски говорници ќе се обидат да ја исполнат животната мисија за живот без вишок на килограми. Ќе успеат ли?Живот на вага наскоро на АЛФА.

Gepostet von Alfa Televizija am Dienstag, 29. Januar 2019

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Наместо премиерна серија, Алфа ја репризира „ДНК“ во недела

Минатата недела заврши со емитување босанската крими серија “Котлина” на Алфа телевизија која се емитуваше …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!