Почетна / Телевизија / ТВ Пакет : Поддршка до Канал 5 и новинарот; издржете, со вас сме!

ТВ Пакет : Поддршка до Канал 5 и новинарот; издржете, со вас сме!

Медиумите се соочуваат со сериозен предизвик и работа во услови кои досега не беа познати. Вирусот не познава граници, не бира кој ќе го зафати. Еден од најдобрите новинари во земјава, Гоце Михајловски од Канал 5 телевизија не остана имун и е првиот новинар кој се зарази од Корона вирусот.

Михајловски во моментов е во стабилна состојба и веќе е сместен во болницата “8 септември”. ТВ Пакет, како единствен специјализиран портал кој се занимава со телевизиските содржини и работата на медиумските работници, посакува што побрзо опоравување на Гоце, кој ниту сакал да биде заразен, а најмалку пак тој да биде трансмитерот и да придонесе за евентуално заразување на трети лица.

Целосна поддршка од сите нас до Гоце Михајловски и сите вработени во Канал 5 телевизија, која е една од водечките и најгледани телевизии во земјава. Сосема професионално, телевизијата од самиот почеток ги има превземено сите мерки за заштита на своите вработени и притоа информираат:

  • Потенцираме дека подолг период веќе имаме воспоставено високи стандарди на заштита и контрола на нашите вработени, во смисол: задолжително мерење на телесна температура при влез во компанијата, обезбедивме дезинфекциони пунктови на 5 локации, на секој кат, дополнително и во информативната редакција, задолжително работниот процес се извршува со помош на заштитни маски, а за делот на техниката и новинарите се обезбедени и пластични визири за дополнитена заштита.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тимот на ТВ Пакет со честитка за новоизбраниот директор на МРТ

Со одлука на Програмскиот совет на Македонската радиотелевизија, по 14 години, нов директор застанува на …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!