Почетна / Забава / Uno momento стигна и до Латинска Америка, Талија сними своја верзија!

Uno momento стигна и до Латинска Америка, Талија сними своја верзија!

 

Големиот хит на Северина и Министерките не престанува да освојува со заразниот ритам. Откако еден грчки пејач направи препев на песната што ги собори сите рекорди на YouTube (во регионот) и оствари 71 милион прегледи, сега и латино поп-дивата Талија одлучи да не ризикува и да оди на проверено.

 

 

„Uno momento“ од втората половина на овој месец ќе ја слушнеме комплетно на шпански јазик отпеана од најпопуларната мексиканска пејачка. Тимот на Талија го контактирал композиторот на песната, Филип Милетиќ, кој веднаш им ги продал правата за големиот балкански хит. Наши извори велат дека оваа пејачка со новиот албум кој ќе излезе овој април планира да го освојува Балканот.

 

 

Талија во Македонија се прослави благодарение на успешната теленовела „Росалинда“ што се емитуваше на Македонската телевизија. Во прилог е нејзиниот најнов летен хит „Desde esa noche“

 

 

 

 

 

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Модниот бренд „Елена Лука” на страниците на британскиот Vogue

Етаблираниот македонски бренд Елена Лука се најде на страниците на ноемвриското издание на престижниот магазин, …