Почетна / Серии / ТВ 24 започнува со актуелната руска комедија „Ѕвезда во карантин“
Како ќе се справи актерот во самоизолација, следиме наредните две седмици на ТВ 24

ТВ 24 започнува со актуелната руска комедија „Ѕвезда во карантин“

По низата репризни серии летово, конечно нешто ново и свежо на телевизија 24. Од понеделник (14 септември) во 21 часот ќе започне најновата руска хумористична серија “Ѕвезда во карантин”.

Како познатиот руски актер Димитри Нагиев ќе се справи со карантинот? Ќе успее ли да го надмудри законот или ќе мора да ги испочитува сите протоколи што ги бара новиот вирус?

Последните 10 години работел деноноќно и неуморно, а сега нагло испаѓа од вообичаениот ритам на животот и се наоѓа во новата нормалност. Постојаната промена на студија, филмски сетови, градови, преноси – сè одеднаш престанува. Наоѓајќи се во непознат амбиент на тишина и негрижа, Нагиев отвора нови хоризонти на човештвото.

Сега, додека е во самоизолација, тој наводнува цвеќиња, комуницира со курири, сади компири во случај на развој на пандемијата, подготвува храна, организира лајвови од теретана, комуницира со астролог и работи со своите деца. Ќе успее ли да се навикне на новата нормалност или сепак секоја ѕвезда си го бара своето ѕвездено небо на слобода, богатство и скандали.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Преспав“ се враќа со петта сезона – очекувајте го стартот на МРТ 1

Од идниот месец на Македонската телевизија следува нова, петта сезона од популарната серија „Преспав“. Снимањето …

error: Содржината е заштитена!