Почетна / МК Сцена / Најголемите фолк ѕвезди се враќаат на Прилеп Фолк фест 2022

Најголемите фолк ѕвезди се враќаат на Прилеп Фолк фест 2022

Имајќи ја предвид долгогодишната, а сега и постпандемиската состојба на евидентен дефицит на квалитетна македонска народна музика, која што во својата основа би ги задржала сите карактеристики на македонскиот јазично-текстуален контекст со современ музичко-аранжерски пристап и сценско визуелно обликување, оваа година ќе се одржи 6 тото издание на фестивалот на авторска народна музика „Прилеп фолк фест” 2022.

Фестивалот ќе се одржи на 26ти Мај, во домот на културата “Марко Цепенков”. На овогодишното издание на фестивалот ќе настапат најголемите македонски фолк звезди и тоа Блага Петреска, Наум Петрески, Зуица Лазова, Нино Величковски, Сузана Гавазова, Сања Ристеска, Спасен Сиљановски, Татјана Стефановскла, Скопски Боеми, Маестро, Анета и Молика, Адријана Ацевска, Елена Велевска, Марјан Коцев и др.

Песните се дел од најдобрите македонски автори: Миле Барбаровски, Милан Завков, Николче Мицевски, Дејан Момироски, Борче Нечовски, Горјан Стојановски, Огнен Неделковски, Ѓорѓи Барбаровски……

Фестивалот е во организација на „Здружението за музичка продукција и организација на настани „One way”- Скопје, а под покровителство на општина Прилеп.

Директорот на фестивалот “Прилеп Фолк Фест”, г-динот Борче Нечовски, ја даде следната изјава –

“Огромна е одговорноста да се организира еден ваков фестивал, но уште поголемо е задоволството што на него ќе настапат голем дел од најдобрите артисти и автори, кои оставиле огромен белег во нашата новокомпонирана народна музика.

Потребата од вакви фестивали е секако многу важна имајќи ја во предвид моменталната ситуација на општествено, а секако и на културолошко ниво. Посебно ме радува што на нашиот повик се одзваа буквално најдобрите и сум убеден дека и љубителите на народниот мелос во Македонија ќе уживаат во новите фестивалски песни.

Сакам да изразам голема Благодарност до општина Прилеп како главен покровител, а секако и до МРТ која е наш медиски партнер.”.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Најтешките моменти од својот живот, Тамара ги преточи во песна

Тамара Волческа го промовираше своето ново музичко парче, односно сингл кој го носи насловот „Херој”, …

error: Содржината е заштитена!