Почетна / Серии / По „Наркос“, ексклузивно на Телма доаѓа и крими серијата за „Чапо“
Нова криминалистичка нарко серија од Нетфликс во 35 продолженија

По „Наркос“, ексклузивно на Телма доаѓа и крими серијата за „Чапо“

Телевизиска серија за еден од најпознатите мексикански нарко-босови,  Хоакин „Ел Чапо“ Гузман, кој моментно издржува доживотна казна во затворот во Колорадо.

Оваа возбудлива драма ја истражува животната приказна на еден од најозлогласените криминалци во светот. Гледачите ќе имаат увид во три периоди: кога бил само еден од членовите на картелот Гвадалахара, неговиот раст во текот на 90-тите години, како и неговиот пад.

Серијата верно го прикажува неговото славно бегство од затвор, како и неговото апсење, за што известија речиси сите светски медиуми.

Oд понеделник до четврток на Телма во 22.40 часот, следете ја драматичната приказна за “Чапо”.

Нова приказна за уште еден од наркосите испреплетена со слепа амбиција, желба за моќ, корупција и сурови игри за превласт. Ексклузивно на Телма, нова серија од Нетфликс – “Ел Чапо”.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Иновациите на Наса“, документарец на Телма секој понеделник

Еволуцијата на нашиот свет во голема мера зависи од технолошките ресурси, знаењето и ограничувањата, но …

error: Содржината е заштитена!