Почетна / Сапуници / ТВ 24 со нова сезона од италијанската сапуница за „Женски рај“
Од понеделник до петок во 18.30 часот - попладневна новела на ТВ 24

ТВ 24 со нова сезона од италијанската сапуница за „Женски рај“

По кратката пауза, ТВ 24 продолжи со прикажување на третата сезона од италијанската сапуница “Женски рај”. Овојпат дејството префрлено во 1959 година. Две години по смртта на Пјетро Мори, Виторио Конти, неговиот најдобар пријател, сонува да го отвори повторно “Женскиот рај”, затворен уште во ноќта на атентатот.

За да го заврши неговиот проект, сепак, ќе му треба заем и тоа ќе го доведе во сојуз со Гуариери, богато семејство на Миланеја, чија великодушност всушност има и задни намери. Гуаниери всушност ќе постават низа пречки на Виторио, кој, сепак, наоѓа неочекувана помош во Марта, помладата ќерка на Умберто Гуаниери.

Во новите епизоди од италијанската драма следуваат нови романтични моменти меѓу новите протагонисти, но и многу омраза, завери и местенки кои имаат цел превземање на големата стоковна куќа “Женски рај”.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На местото на „Тоскана“, нова италијанска серија на ТВ 24

Наспроти позадината на општествените востанија и класните борби во Италија непосредно пред Првата светска војна, …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!