Почетна / Сапуници / Украинската теленовела „Огледало“ започнува на Канал 5

Украинската теленовела „Огледало“ започнува на Канал 5

Oд следната седмица на местото на турската серија “Богаташи”, на Канал 5 следува нова драма, овојпат од Украина. Ова е приказна за Ана и Јана, две сестри, навидум доста слични, но потполно различни. Една страотна сообраќајна несреќа ќе го промени животот на двете сестри и ќе донесе опасни лаги и откриени семејни тајни.

Колата се превртува, а двете сестри се во животна опасност. Ана паѓа во кома, а Јана се спасува и решава да ја искористи ситуацијата и да го добие сето она што цел живот го посакувала и на што завидувала – животот на нејзината сестра. Во моментот на несреќата и во болницата, Јана го носи на раката свршеничкиот прстен од рубин, кој насилно го зела од Ана, и затоа на самиот почеток, сите ќе ја помешаат со Ана.

Остроумната злобница решава да го искористи тоа и да се претстави како Ана. И сега кога сите мислат дека таа е Ана, злобната девојка ќе посегне по сето она што го имала Ана – нејзиното лице, животот, пријателите и нејзиниот свршеник.

Играта започнува и навидум, сите карти се во корист на Јана. Го уценува докторот да го направи лицето на нејзината сестра, а потоа да се омажи за свршеникот на Ана. Заплетот добива поинаков тек кога на изненадување на сите, се буди Ана од кома. Ќе може ли Јана да прифати дека ќе биде разоткриена нејзината голема лага и со тоа да биде омразена и отфрлена од сите?

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Додека селото спие“, руска мелодрама секое попладне на ТВ 24

Од понеделник до петок во 17.45 часот на ТВ 24 ќе се емитува “Додека селото …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!