Почетна / Серии / Алфа ја прекина и серијата „Бонанца“

Алфа ја прекина и серијата „Бонанца“

 

Укината уште една серија на Алфа, овојпат вестерн класиката „Бонанца“

Откако ја прекина долгонајавуваната “Дневникот на Фериде”, Алфа телевизија прекинува уште една од своите серии. Се работи за американската серија “Бонанца” која од минатото лето се прикажуваше секое саботно и неделно утро во 9 часот. Серијата има вкупно 430 епизоди, а на Алфа беа прикажани околу 80.

 

 

 

Оваа вестерн класика ни ја прикажа приказната за Бен Картрајт и неговите синови кои одбраната на својот ранч во Невада, ќе ја претворат во борба за целата заедница. Серијата е снимана од 1959 година до 1973 година. Главните улоги ги толкуваа Lorne Greene, Pernell Roberts, Dan Blocker, Michael Landon, Victor Sen Yung и David Canary.

На местото на оваа вестерн класика на програмата на Алфа ќе се емитуваат репризи на турска и индиска серија.

 

 

Дани Петковска | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„2010-тите“ на МТВ 1, нов документарец во низата серијали за декадите

Американската серија „2010-тите“ е дел од документариот серијал „Децениите“, продуциран од Том Хенкс и Гери …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!