Почетна / Забава / Евровизија / Треба ли Македонија да ја следи Србија во однос на јуниорската Евровизија?

Треба ли Македонија да ја следи Србија во однос на јуниорската Евровизија?

Како што веќе можевте да прочитате, соседна Србија не планира да се врати на Јуниорската Евровизија во догледно време. Причините за тоа се финансиски, но и слабиот интерес од публиката. Но, треба ли и ние да го следиме тој пример?

Веројатно МРТ по примерот на РТС и треба да се откаже од Јуниорската Евровизија и тие финансиски средства да ги насочи кон главната Евровизија каде учествуваат повеќе од двоен број на држави за разлика од детската. Со тоа би се нашло и начин како да се зголеми интересот и да се врати сјајот на нашите претставници на главната Евровизија бидејќи очигледно е дека од соседните држави скоро никој не учествува на детската Евровизија освен Албанија. Не учествуваат Грција, Србија, Хрватска, Словенија, Романија, а сепак учествуваат на главната Евровизија.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

По Бугарија, и Романија одлучи: Се враќаме на Евровизија со цела ЕУ

По враќањето на Бугарија, одборот на директори на TVR денес гласал Романија да се врати …

error: Содржината е заштитена!