Почетна / Телевизија / ТВ Емисии / На МРТ 1 започнува втората сезона од серијалот за млади „Тин камп“

На МРТ 1 започнува втората сезона од серијалот за млади „Тин камп“

Секоја сабота и недела во 20.15 часот на националниот сервис МРТ 1, ќе се емитува втората сезона од тинејџерскиот серијал „Тин камп“ (Тинејџерски камп) од продукцијата „Рифенштал“ која веќе три сезони го реализираше музичко-забавниот детски серијал „Дајте Музика“.

Поради големиот успех на детскиот серијал, дојде и идејата да се направи тинејџерскиот серијал „Тин камп“ кој е спин-офф на „Дајте музика“ и кој како и претходниот серијал, така и овој успеа да обезбеди голема популарност меѓу младите во Македонија.

Во серијата „Тин камп“ ќе бидат вкоренети реалните проблеми на младите, како што се првата љубов, разочарувањето, љубомората, првото пијанство, односот со родителите, емотивната состојба на младите, здравјето, внатрешниот мир, семејството, вистинските пријатели, малите задоволства, желбата да помогнете некому.

Заклучокот на крајот е дека пријателите се темелите на нашиот живот. Тие ги прават нашите животи побогати и исполнети. Времето поминато со пријателите, семејството и со саканите е најважниот момент во животот.

Нови доживувања со тинејџерите секоја сабота и недела на МТВ 1 во 20.15 часот.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Злате Мехмедовиќ: Кога жена е во ПМС, мажот треба да си пие апчиња!

Дали балканските мажи излегуваат од мода, а нивното место го заземааат современите мажи? Вечна дилема …

error: Содржината е заштитена!