Почетна / Филм / Филмотека на Телма со ирански, мексикански и унгарски драми

Филмотека на Телма со ирански, мексикански и унгарски драми

Филмотека на Телма за период од 28 февруари до 2 март 2025.

Викендот започнува со иранска наративна драма на режисерот Хами Рамезан кој и самиот беше бегалец од Иран пред 30 години.

Во сабота во истиот термин, 22.15 часот ќе гледаме вистинита приказна, филм добитник на наградата „Фестивалски фаворит“ на филмскиот фестивал Санденс 2023 година. Во мексикански пограничен град погоден од запоставување, корупција и насилство, фрустриран учител се обидува со радикален нов метод да ја ослободи љубопитноста и потенцијалот на своите ученици… а можеби дури и нивната генијалност.

Саботната вечер завршува со унгарската драма за опсесијата со бодибилдинг, романса, (не)исполнување и љубов, раскажана помеѓу групи повторувања и броење калории.

Неделата е резервирана за американски филмови. По вистинската приказна за британскиот бизнисмен кој им има помогнато на МИ6 да се инфилтрира во руската нуклеарна програма за време на Студената војна …,

… викендот завршува со документарен филм за Белата куќа и Стејт департментот, нудејќи поглед во внатрешната работа на администрацијата на Обама додека се подготвуваат да ја напуштат власта по осум години.

ПЕТОК 28.02.2025
22:15 Any Day Now ПРВИОТ СНЕГ
САБОТА 01.03.2025
22:15 Radical РАДИКАЛНО
00:15 Gentle НЕЖНО
НЕДЕЛА 02.03.2025
22:15 The Courier СЕНКА НА ШПИОНОТ
23:45 The Final Year ЗАВРШНАТА ГОДИНА

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Најавите за филмови на ТВ 24 на веб сајтот „затаиле“ на 13 декември

Доколку ја посетите интернет страницата на ТВ 24 и сакате да се информирате за редовната …

error: Содржината е заштитена!