Почетна / Забава / Тони Зен, Реља, Бресквица, Таско и THCF со голем концерт во Охрид

Тони Зен, Реља, Бресквица, Таско и THCF со голем концерт во Охрид

Популарните музички имиња од регионалната сцена, во периодот кој што следува, односно на 27-ми и 28-ми јули ќе ја забавуваат многубројната публика на „Билјанини извори” во Охрид.

На 27-ми јули (среда) на сцената на „Билјанини извори” ќе застане Реља Поповиќ- момче кое јавноста ширум регионов го запозна преку составот Елитни одреди, за по неколку години поминати во бендот да се испроба и во соло водите. Тој успеа да остане скромен и доследен , па токму поради тоа е и омилен кај публиката.

Истата вечер, на Реља ќе му се придружи и Таско кој себеси се смета како слободен дух, бидејќи со години го прави она што го прави среќен, држи широк поглед кон светот, има јасна визија и знае што сака.

Веќе следниот ден, односно на 28-ми јули (четврток) сцената ќе ја делат српското рап дуо THCF, тинејџ ѕвездата Бресквица, како и нашиот Тони Зен.

Почеток 21ч. Бидете таму!

Карти online на www.kupikarta.com

Југотон, Розе Веро 2 и во Охрид

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Екс Луна по повеќе од една деценија даде изјава за медиумите

Една од најубавите гласови во регионот, Маја Марковиќ (екс Луна) повеќе од една деценија се …

error: Содржината е заштитена!