Почетна / Серии / ТВ 24 со втора сезона од руската актуелна комедија „Ѕвезда во карантин“

ТВ 24 со втора сезона од руската актуелна комедија „Ѕвезда во карантин“

Најновите епизоди од руската хумористична серија “Ѕвезда во карантин” на ТВ 24. Втората сезона се емитува од понеделник до петок во 20.40 часот.

Како познатиот руски актер Димитри Нагиев ќе продолжи да се справува со карантинот? Ќе успее ли да го надмудри законот или ќе мора да ги испочитува сите протоколи што ги бара новиот вирус?

Последните 10 години работел деноноќно и неуморно, а сега нагло испаѓа од вообичаениот ритам на животот и се наоѓа во новата нормалност. Постојаната промена на студија, филмски сетови, градови, преноси – сè одеднаш престанува. Наоѓајќи се во непознат амбиент на тишина и негрижа, Нагиев отвора нови хоризонти на човештвотo.

Сега, додека е во самоизолација, тој наводнува цвеќиња, комуницира со курири, сади компири во случај на развој на пандемијата, подготвува храна, организира лајвови од теретана, комуницира со астролог и работи со своите деца.

Ќе успее ли да се навикне на новата нормалност или сепак секоја ѕвезда си го бара своето ѕвездено небо на слобода, богатство и скандали.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Руските „Татковци“ во потера по терористи во нова викенд серија на Сител

Дванаесет средношколски одбојкарки се киднапирани додека се враќаат во Москва по натпреварот на Кипар каде …

error: Содржината е заштитена!