Почетна / Забава / Концертот на Јала брат, Николија и Буба Корели пред распродавање

Концертот на Јала брат, Николија и Буба Корели пред распродавање

Концертот на Јала Брат, Буба Корели и Николија, закажан за сабота 9 февруари во ВИП Арена Борис Трајковски во Скопје, е пред распродавање. За нецели 30 дена колку што траеше кампањата за овој концерт, продажбата на влезниците покажа дека несомнено, Јала Брат, Буба Корели и Николија во моментов се омилени кај македонската публика.

„Знаевме дека имаат голем број фанови на македонска територија но сепак не изненади интересот кој што го покажаа за овој концерт. Се трудиме да им обезбедиме вистинско доживување што се однесува до звук и светло за време на концертот“ – велат организаторите Балканска музичка продукција.

Уште малку влезници за овој музички хепенинг, можете да најдете во продажната мрежа на мк тикетс, низ нивните физички продавници ширум Скопје и територијата на Р.Македонија и во музичката продавница Југотон.
Ова ќе биде наше прво претставување пред  публиката во Македонија. Возбудени сме поради концертот и едвај чекаме да излеземе на сцена. Ветуваме одлична неколкучасовна забава“ – велат Јала Брат и Буба Корели.

Стартот на концертот е закажан за 20.00 часот. Вратите на Вип Aрена Борис Трајковски ќе бидат отворени во 19 часот. Балканска Mузичка Продукција аплеира, сите кои што обезбедиле влезница, да влезат во сала навреме како би избегнале гужва и би овозможиле старт на концертот во предвиденото време.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Модниот бренд „Елена Лука” на страниците на британскиот Vogue

Етаблираниот македонски бренд Елена Лука се најде на страниците на ноемвриското издание на престижниот магазин, …