Почетна / Телевизија / ТВ Емисии / Тони Михајловски се враќа со познатото „Опуштено“, но сега на Алфа
Од 5 март, нови емисии на Алфа телевизија по вечерните вести

Тони Михајловски се враќа со познатото „Опуштено“, но сега на Алфа

Популарното забавно шоу “Опуштено” се враќа на малите екрани, по неколку години пауза.

Емисијата стекна голема популарност особено меѓу младите гледачи, а се емитуваше најпрвин на Сител, потоа на А1 и на МРТ 1.

Сега, по пет години пауза, шоуто со поинаков концепт се враќа на телевизија Алфа. Секој петок во 22.30 часот нова доза смеа, забава и хумор со Тони Михајловски и неговите интересни гости. Део нема да биде дел од шоуто, со оглед на тоа што не живее во моментов во земјава.

Нина Јанева е гостинка во првата емисија

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Топ тема“ се враќа на Телма со нова сезона 2021/2022

Од понеделник (27 септември) на телевизија Телма започнува новата сезона од познатата политичко дебатна емисија …

error: Содржината е заштитена!