Почетна / Сапуници / Алфа ќе ја репризира Шехерезад во ударен термин од 20 часот

Алфа ќе ја репризира Шехерезад во ударен термин од 20 часот

“1001 ноќ” е турска романтична теленовела која со голем успех се прикажуваше во латиноамериканските земји, во Кувајт, Романија, Бугарија, Азербејџан, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија, Чешка и Словачка, а во Македонија забележа незапаметена гледаност, достигнувајќи го успехот на “Касандра” и “Клон”.


Шехерезад ги урна сите рекорди во гледаност во Македонија за време на нејзиното прикажување на А1 телевизија, оставајќи ги далеку зад себе дури и фудбалските натпревари на Премиер-лигата. Народот наголемо го фати вистинска шехерезадна треска, од најмладо до најстаро.

Доказ за огромната популарност на серијата се гледаше во примери од секојдневниот живот, сите зборуваа за Шехерезад, наставници им даваа на учениците писмени теми за серијата, учениците лудуваа по рингтонови со нејзината музика, дијалозите меѓу Онур и неговата љубена се прераскажуваа по канцеларии, а досетливите трговци бараа разни начини да профитираат од суперпопуларните ликови. Социолозите и културолозите велат дека тајната на успехот на оваа серија се крие во едноставната и топла љубовна приказна, проткаена со традиционален морал, а сместена во европеизиран и гламурозен амбиент.

Нејзината популарност во Македонија е резултат на блискоста на менталитетите, како и одлуката на телевизија А1 да ја натсинхронизира серијата, што беше новост кај нас, а за што долго време постоеја предрасуди. Сето тоа заедно ја направи серијата вистински блокбастер, правејќи го терминот кога таа се емитуваше најнепријатно време за гости, и оставајќи ги празни улиците и парковите.

И сега, по повеќе од 10 години, серијата повторно на малите екрани. Овојпат на Алфа, во истиот термин кога се емитуваше и на А1 – 20 часот. Од понеделник до петок, реприза на Шехерезад на Алфа во централен термин.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Фото | И ова се случи во „Ангели“ – очувот ја затвори во кафез

Не престануваат морбидните сцени во турската серија “Ангели” која се емитува на телевизија Сител. Најновата …

error: Содржината е заштитена!