Почетна / Телевизија / Тинејџерките го изгласаа за победник на „Pinkove zvezdice – all stars“

Тинејџерките го изгласаа за победник на „Pinkove zvezdice – all stars“

Заврши и оваа сезона на српското шоу “Ѕвездичките на Пинк”, чие суперфинале траеше до 3 часот наутро. Овојпат не победи најдобриот вокал како минатите сезони, туку оној кој беше изгласан од девојчињата и тинејџерките.

Ако минатите сезони победуваа Марија Сердар, Марко Бошњак и Роко кои важеа за фаворити од самиот старт на сезоната, тогаш овојпат требаше да победи нашата Антониа која несомнено покажа најдобри вокални квалитети и интерпретација на сцената во Шумановци.

Во последната битка за прво место, останаа Сергеј и Бојана. Бојана изведе микс од “Taki, taki”, “Say my name” и “New rules”, додека пак младиот Сергеј ја пееше “Trans”, која во оригинал ја изведува Милан Станковиќ.

Ѕвездата на крајот ја доби Сергеј, кој освои и летување во Црна Гора, мобилен телефон, како и ваучери за купување на мебел итн. Продукцијата на Пинк на најмалечките Давид и Дарија им поклони патување во Дизниленд, а нашата Гиговска доби микрофон како награда. Во сезоната за најдобрите од најдобрите од минатите сезони, сепак не победи најдобриот, туку најгласаниот од тинејџерското лоби.

Дани | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео | „Не одете право, одете криво за името да ни е живо“

Добар ден, добро јуначе. Срце ми плаче шо не можам да се вклучам. Но еве …